30 дена привтвор за 21 годишник кој во дворот на својата куќа си одгледувал стебла канабис
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, осомничениот 21-годишник, во дворот на куќата во која живеел во селото Криволак, Општина Неготино, неовластено одгледувал 33 стебла од растението Cannabis Sativa, од кое со обработка се добива наркотична дрога – марихуана. Дополнителни четири стебла тој одгледувал и на парцела во близина на ЈП Исар во Штип.
Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор. Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Мицкоски на Самитот на Европската народна партија во Брисел
-

Македонија меѓу најдобрите земји во светот по намалување на неонаталната смртност и смрт кај деца под пет години
-

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица
-

Муцунски: Наш приоритет е отворањето преговори и што побрзо членство во Европската Унија
-

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
