Димитриевски: Македонецот се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава
Mаксим Димитриевски во денешното гостување во „Студио 10“ изјави дека Македонецот се чувствува фрустрирано затоа што Македонецот се чувствува како граѓанин во втор ред во својата сопствена држава којашто неговите предци му ја изградиле и му ја оставиле да ја менаџира.
„Кого треба да прашаме ние дали сме ние Македонци? Самите себе си или останатите во светот? Па ние сакаме да влеземе и да бидеме член на ЕУ каде се признаваат сите вери и нации, тогаш зошто толкаво лицемерие? Треба да си ја продадеме нацијата и корените наши, кадешто предците наши велеле дека се Македонци, а денеска да кажеме „не вие не бевте Македонци, вие бевте Бугари“. Апсурд! Значи тоа го бара бугарската страна и сака од еден билатерален проблем тоа се базира на нивните убедувања субјективни да го наметне како меѓународен проблем што е неприфатливо. Во Македонија има паметни умови, а верувам дека Владата ќе излезе и ќе отфрли овој предлог“, рече Димитриевски.
Ново на Сител
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
