Четворица затвореници во штипскиот Затвор штрајкуваат со глад
– Четири осудени лица во КПУ Затвор Штип втор ден штрајкуваат со глад. Роднини на затворениците велат дека до ваквата ситуација дошло бидејќи прaвата во затворот не важеле за сите исто.
Револтот е заради тоа што едно осудено лице било префрлено од затворениот во полуотворениот дел, иако таму бил пократок временски период од нив. Директорот на Затворот Штип, Мики Тодоров иако е на годишен одмор за МИА потврдува дека осудените лица штрајкуваат, лекарот утринава им извршил преглед и нивната здравствена состојба е добра. Одговорно тврди дека ниту едно право на осудентите лица не им е нарушено.
-Во главната тетратка во затворот од вчера е евидентирано дека четири осудени лица штрајкуваат со глад. Од нивна страна нема наведено која е причината поради која штрајкуваат, односно пишува дека истата ќе биде образложена пред институциите. Лицата кои штрајкуваат се прегледани од затворскиот доктор и медицинска сестра од Здравствениот дом и е констатирано дека се во добра здравствена состојба, вели Тодоров.
Посочи дека осуденото лице, кое било во затворениот дел, а сега е префрлено во полузатворениот е заради неговата здравствена состојба и е на препорака од лекарот.
-Осуденото лице е префрлено од затворено во полузатворениот дел од затворот бидејќи така налагаше неговата здравствена ситуација. Истото треба да поминува повеќе време на воздух. Што се однесува на заканите, јас од петокот сум на годишен одмор и немав никаквов контакт со затворените лица. До сега во затворот на ниту едно осудено лице не му се скратени правата кои ги заслужува, вели Тодоров.
|
|
Ново на Сител
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
