-->
-->
Џиновски печурки повторно пронајдени во атарот на делчевските села
-->
Дождот кој пред неколку дена го зафати делчевскиот регион повторно придонесе за зголемена појава на печурки. Собирачите на печурки велат дека појавата била изразена за викендот, особено во атарот на селата кои се наоѓаа во долниот тек на река Брегалница, а во текот на денешниот ден е пронајдена џиновска печурка тешка околу 1,7 килограми.
– Ги има претежно во шумите кои изобилуваат со дабови насади. Таму може да се сретнат вргањ и лисичарка. Мене денес ме послужи среќата да најдам печурка тешка 1.670 грама, што е една од поголемите кои ги имам пронајдено годинава, вели собирачот на печурки, Валери Цветковски од делчевското село Стамер.
Сепак, како што додаваат откупувачите на печурки, поради долготрајниот сушен период во месец мај, годинава е послаба од минатата година.
– Иако и сега вршиме откуп, сепак далеку сме од нивото на минатата година кога имавме два до три тони откуп неделно, велат откупувачите.
Цените годинава се движат од 100 до 120 денари за килограм суров вргањ, што според печуркарите од Пијанечкиот регион е задоволителна цена, ако се има во предвид слабата сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
