Вашингтон Пост објави репортажа за велосипедски туризам низ Македонија
Американскиот весник Вашингтон Пост, на своите страници посветени на туризмот, пренесува подолга репортажа за велосипедска тура низ Македонија, од репортерката Дајан Даниел. Текстот ги претставува природните и гастрономските убавини на Македонија, со посети на Крушево, Битола, Преспа, Охрид и Скопје.
Репортажата ја претставува Македонија како земја на љубезни луѓе, каде може да се видат диви рисови и пеликани, да се истражуваат древни археолошки наоѓалишта и да се ужива во извонредна храна. Авторката особено е воодушевена од ајварот и шопската салата. Авторката во детали ја опишува својата потрага по домашно подготвен ајвар во преспанското село Љубојно.
"Првите два дена, со велосипедите минувавме покрај куќи украсени со редици исушени пиперки, како низи црвени обетки. Се обидувавме да видиме (намирисаме) каде се подготвува ајвар и бевме одушевени кога најдовме една куќа. Иако немам обичај да јадам специјалитети со лук со моето утринско кафе, но не можев да престанам да шлапам дебели слоеви ајвар на парчиња леб", пишува Даниел во репортажата.
Велосипедската тура поминува низ археолошкото наоѓалиште Хераклеа Линкестис, во близината на Битола, за кое Вашингтон Пост пишува дека иако само мал дел од урнатините е истражен и нема доволно информации за посетителите, сепак може да се посетат темелите на римскиот амфитеатар, базиликата и два импресивни мозаици.
Репортажата изнесува и забелешки за туристичката понуда на Македонија, пред се за отпадот расфрлан низ земјата, вклучително и во националниот парк Пелистер, како и за опасниот стил на возење.
Ново на Сител
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час
-
Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи
-
Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија
-
Путин нареди регрутирање на 133.000 војници
-
Борел: На Блискиот Исток треба да замолчи оружјето, а да зборува дипломатијата