Стојчевска-Костадиновска: Младите се клучот за промените во земјава
Младите не треба да бидат добри војници, ниту послушни поединци, ниту евтина работна сила, бидејќи кај нив се промените. Без младите нема ниту иднина, ниту Западен Балкан, ниту реална европска безбедносна архитектура, рече во своето обраќање министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска на вториот Преспа форум за дијалог.
-Ви се обраќам Вам млади со „екселенции“, бидејќи јас не знам во блиска или подалечна иднина кој од вас ќе биде идниот претседател, идниот премиер на земајата, или пак иден наградуван и светски признат научник, уметник, идна наша гордост. Име кое ќе го носат институции во негова чест. А јас сум сигурна дека тоа ќе биде така!, им порача таа за време на дијалогот на младите.
Според Костадиновска-Стојчевска многу млади луѓе во нашето општество неоправдано се дискредитираат поради нивната најголема предност – младоста, која се етикетира како слабост или недостаток. -Доколку не постоела таа младешка мудрост во минатото, ние ќе го отфрлевме еден Фардеј како премлад, еден Тесла како неразумен млад човек кој си игра со опасности, немаше да го имаме Блаже Конески како прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија денес би рекле – на само 26 години. Големиот Гете велат дека до крајот на својот живот како свое генијално и омилено дело го истакнувал својот „Вертер“, а не „Фауст“, додаде таа.
Министерката потсети дека 2022-ра е прогласена за европска година на младите со цел – инволвирање на младите генерации во изградба на стабилни, мирни и одржливи општества и развој на политики што ги пресретнуваат специфичните потреби на младите луѓе. -Отворете се за соработка, за размена на искуства, нека ви врежат брчки на лицето. Не дозволувајте да го носите времето на туѓите грешки! Не барајте иднина во минатото! Живејте сега и сега барајте ги начините како со вашите чисти умови и срца да го приближите Западен Балкан кон Европската Унија. Убедена сум дека младите уште денеска би ги решиле сите наши недоразбирања не зашто, некој би рекол, не ги разбираат – туку затоа што ги гушат, порача таа. Преспа форумот за дијалог ги опфати најгорливите безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан, со посебен осврт врз импликациите на војната во Украина врз севкупните меѓународни, политички, безбедносни, економски прилики во Европа и пошироко.
Министерство за култура
Ново на Сител
-

Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
