-->
-->
Полицијата казни 157 возачи во Скопје, дури 38 од нив возеле пребрзо
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, а 16 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се и 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 26 за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за користење на мобилен телефон...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Електронско аплицирање за ученички стипендии до 15 октомври
-
Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците
-
Мицкоски: Првата половина од автопатот Кичево - Охрид ќе биде пуштена во мај
-
Од денеска намалени цените на пет патарини во Грција
-
Бројот на работниците во индустријата од јануари до август зголемен за 1.4 отсто
-
Од четврток дожд, грмежи и ветер
-
СДСМ: 100 дена изговори
-
ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Мицкоски