Мишел: Фокусот на Косово треба да биде дијалогот меѓу Приштина и Белград
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во Приштина изјави дека фокусот на Косово треба да биде дијалогот меѓу Приштина и Белград и спроведувањето на сите досега постигнати договори.
На заедничката прес-конференција по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, тој ја поздрави позицијата на Косово за воведување и спроведување санкции кон Русија.
„Имавме можност да разговараме за односите меѓу ЕУ и Косово и да кажеме дека Западен Балкан е стратешки партнер. Го поздравуваме фокусирањето на Косово на реформите и клучните прашања, како што е владеењето на правото. Разговаравме и за визната либерализација. Внимателно ги слушав аргументите и знаете дека за ова прашање мора да одлучуваат земјите-членки на ЕУ. Треба да се нагласи дека фокусот на Косово треба да биде дијалогот меѓу Косово и Србија и да се спроведат сите договори“, рече Мишел.
Тој додаде дека следната недела ќе се сретне со 27 лидери на ЕУ, каде, како што рече, ќе има можности „да покажеме единство за нашите заеднички вредности“.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека Косово е најпроевропската земја во Европа и дека обединета Европа е нецелосна без Косово и Западен Балкан во неа.
Таа рече дека нема луѓе кои се повеќе посветени од Косово на вредностите и слободите што ги претставува ЕУ и дека заложбата на Косово за влез во ЕУ е непоколеблива.
Ново на Сител
-

Уапсен 72-годишник од Валандово за физички напад врз сопругата и поседување огнено оружје и муниција
-

Шест волови од кривопаланечко залутале во Бугарија, за нивната судбина ќе одлучуваат бугарските институции
-

Половината ваучери за инвертер клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април
-

Без вода корисниците на потегот од фонтаната во Градски Парк до Влада
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026
-

Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег
-

Уапсен 21-годишен скопјанец, при претрес пронајдени се 19 паковки со кокаин
-

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае
