Дојави за бомби во неколку трговски центри во Загреб
Полициската управа на Загреб во текот на утрото добила повеќе пријави за можна експлозивна направа во неколку трговски центри во градот. Полицијата е на терен и ги презема потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавата и се грижи за безбедноста на граѓаните, информираат од ХРТ.
Новинарката на ХРТ Ива Магушиќ Думанчиќ известуваше пред Градскиот центар Еден Исток, во кој граѓаните се вратија. Во разговор со работниците дознала дека се евакуирани. Дојавата за бомбата пристигнала околу 9.30 часот, сите го напуштиле центарот, дошла полиција и за еден час граѓаните можеле да се вратат.
– Ова не е единствената дојава за бомби во трговските центри, се работи и за Гарден мол, Фамилија мол и еден центар на истокот од градот. Полицијата е на терен. Неодамна често има информации за поставени бомби во трговските центри – првата беше во април за бомба во Арена центарот, а во мај беше дојава за бомба во Авенија мол. Сите извештаи беа лажни и немаше повратни информации од полицијата за сторителите, рече таа.
Ново на Сител
-

МЗ: Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува забрана за рекламирање, промоции - приоритет е заштитата на децата
-

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026
-

Кушнер во Давос ги претстави плановите за реконструкција на Газа
-

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија
-

Нови 2.062 случаи на грип, сезонава три лица починати со грип
-

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“
-

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство
-

Укинати се вонредните ситуации во сите општини во Србија поради снегот, ситуацијата е стабилизирана
