Приведени пет лица од скопско Батинци, поднесена кривична пријава за „изнуда“, одреден и притвор | ВИДЕО
На 09.06.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал поднесена е кривична пријава по брза постапка против осум лица, за кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот законик, и тоа Ј.К.(34), М.Т.(47), Р.С.(51), Џ.Ќ.(46), Е.Ч.(42), М.Р.(32), С.Р.(33) и Б.Р.(34), сите од скопско Батинци.
Имено, на 08.06.2022 во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на 05.06.2022 околу 20.30 часот во казино во с.Батинци, каде по претходна вербална расправија со М.Т. бил повикан од Ј.К. и задржан подолго време, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица. Тие со закани му изнудувале до 10.06.2022 да им исплати 50.000 евра и му го одзеле патничкото возило „порше кајен“, во кое имало пари и лични документи.
По утврдување на идентитетот на осумте сторители на кривичното дело, од страна на полициски службеници од СВР Скопје - Единица за интервентна полиција, во координација со ОЈО Скопје извршени се претреси во нивните домови и лишени од слобода се Ј.К., М.Т., Р.С., Џ.Ќ., Е.Ч., а за М.Р., С.Р. и Б.Р. е распишана централна потерница. По извршеното пребарување во околината од домовите на приведените лица, на стариот пат за с.Количани, пронајдено е и одземеното патничко возило.
Од страна на Судија на претходна постапка на Ј.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на останатите четири приведени лица им се одредени мерки за безбедност.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено