Претставници на ССМ на средба со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

На покана на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска се одржа средба помеѓу претставници на ССМ предводени од страна на секретарот на Советот, Златко Цветковски, шефот на кабинет, Слободан Трендафилов, потпретседателот, Иван Пешевски и пратениците Бојан Стојановски и Дафина Стојаноска, информираат од ССМ.
На средбата е разговарано за предлог амандманот кој тие го доставија до пратеничките групи со цел истите да го достават согласно своите надлежности до Собранието и на таков начин во Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година амандмански да се интервенира и да се обезбедат средствата за од 01.07.2022 година да се зголеми основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон. Во зголемува на основната плата од ССМ бараат да бидат вклучени и институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата.
– Очекуваме сите пратеници да го поддржат амандманот на ССМ кој ќе го достават пратениците од ВМРО – ДПМНЕ поради тоа што соработката претставниците на работниците и претставниците на народот е значајна алка за унапредување на работничките права и во иднина треба да биде пракса за надминување на сите предизвици, велат од ССМ.
Во текот на денот претставниците на ССМ и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и официјално ќе го достават предлогот до Собранието согласно процедурите.
Ново на Сител
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
