Деветмина убиени во три нови вооружени напади во САД
Најмалку девет лица се убиени, а десетици ранети викендот во пукотници во три американски града.
Три лица се убиени во оружен напад во сојузната држава Мичиген, во една од трите пукотници регистрирани во периодот од саботата вечер до вчера изутрината. Во пукотницата што се случила вчера изутрината во Сагинава, северозападно од Детроит, загинале две лица, додека една жена подоцна им подлегнала на повредите здобиени во инцидентот. Притоа се ранети уште две лица.
Во другите судири викендот се убиени три лица, а најмалку 11 повредени кога неколку лица отвориле оган врз маса луѓе во френкфентен дел во центарот на Филаделфија.
Три лица загинале, а 14 се ранети во оружен судир пред ноќен клуб во градот Чатаноди во сојузната држава Тенеси. Три лица биле повредени кога во нив удрил автомобил додека се обидувале да побегнат од нападот.
Четиринаесетгодишно девојче е убиено, а осум лица се ранети во оружен напад извршен вечерта во саботата во трговски центар во Феникс, Аризона.
Оружените инциденти се случуваат во мигови кога три американски градови се уште жалат по жртвите на злосторствата во кои неодамна беа убиени 35 лица – десет во пукотница во продавница во Бафало во Њујорк, 21 во основно училиште во Увалде во Тексас и четири во болница во Тулса, Оклахома.
Во САД оваа година се регистрирани најмалку 240 масовни пукотници, што по дефиниција се инциденти во кои се погодени најмалку четири лица, не сметајќи го напаѓачот.
Американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да го забрани офанзивното оружје, да ги засили контролите на лицата што поседуваат оружје и да спроведе други мерки за построга контрола на оружјето. Во текот на вчерашниот ден тој го повтори барањето за воведување рестрикции на купувањето полуавтоматско оружје.
Ново на Сител
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
-

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
-

Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна
-

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
