-->
-->
Милошоски: Кандидатите за уставни судии треба да се претстават пред Собранието
-->
Според мене бидејќи се работи за многу сериозна функција член на Уставниот суд, во собранието според Деловникот секое работно тело може да покани гостин за време на заседавањето на работното тело и имаме 9 кандидати за судии во Уставниот суд, ќе беше сосема коректно ако овие 9 кандидати, еден по еден или сите заедно беа поканети за да видиме кој се кандидира за уставен судија, што завршил, што работел, какви амбиции има и што знае за надлежностите на Уставниот суд и каков е неговиот личен и професионален интегритет, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ.Милошоски потенцираше дека се чувствуваат како хендикепирани бидејќи како што рече само еден од пратениците од на вчерашната собраниска комисија кажал позитивно мислење за кандидатот, и токму поради тоа треба истите кандидати да можат да се претстават пред пратениците, но и пред јавноста.
Еве за вчерашниот кандидат Фатмир Скендер, јас прашав некои и од пратениците за време на паузата, ретко кој од пратениците го познава овој човек, не го познавам ни јас. Ја прочитавме биографијата, но не го знаеме, и сега гласаме за или против да биде уставен судија, а не го познаваме лично, а ниту пак сме му овозможиле лично да се претстави пред пратениците, а со тоа и пред новинарите и пред граѓаните. И затоа сметам дека власта овој процес на селекција на избор на уставни судии го води со ваков хендикеп за гласање за луѓе за кои што малку од нив знаат кој е човекот, изјави тој.
Само еден пратеник стана да каже позитивно мислење за него, само пратеникот од турската партија, ниту еден друг пратеник не го познава Скендер, и токму затоа се чувствуваме хендикепирани како да гласаме за него и не ни е јасно зошто владејачкото мнозинство не се согласува да одвоиме два часа во кои што овие кандидати за уставни судии би имале можност да се претстават, додаде Милошоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
