-->
-->
Де Јонг одбива трансфер во Манчестер јунајтед
-->
Фудбалерот на Барселона и холандски репрезентативец Френки де Јонг не сака да премине во редовите на Манчестер јунајтед, бидејќи премиерлигашот не обезбеди пласман во Лигата на шампиони во новата сезона, пренесуваат британските медиуми.
Весникот „Експрес“ наведе дека раководствата на Барселона и Јунајтед ја договориле висината на обесштетувањето, но холандскиот фудбалер одбива да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“, иако е во постојан контакт со новиот тренер на Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Де Јонг (25) соработуваше со Тен Хаг во Ајакс, пред да замине за Барселона во 2019 година.
Тен Хаг по секоја цена настојува да го донесе сонародникот во Јунајтед, бидејќи Србинот Немања Матиќ и Французинот Пол Погба заминуваат од клубот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски објави одлука од 2023 година: Владата на СДСМ дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка
-

Мицкоски: Алта банка нема да банкротира како Еуростандард во времето на СДСМ
-

Извештај на американскиот Конгрес: Државата со години не ги спречи злоставувањата на Епстин
-

Продажбата на станови во Македонија падна за 14 отсто, изнајмувањето порасна за 45 отсто
-

Египет прогласи 35 исламски организации во Европа за терористички, меѓу нив и здружение од Македонија
-

Општина Центар додели 149 субвенции за возачка дозвола, младите добиваат по 10.000 денари
-

Верижен судир во Јужна Кореја - Автобус удри во 32 возила, повредени се 48 лица
-

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
