Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ќе одигра два контролни натпревара со Австрија
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ќе има два тест натпревара со соодветната селекција на Австрија.
Првиот меч е закажан за попладнево со почеток во 18 часот. Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка со почеток од 11. часот.
Селекторот Тони Јакимовски, за овие натпревари ги повика следните фудбалери: Петар Јакимов (Работнички), Диел Доко (Њу Старс), Андреј Аризанкоски (Победа), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Даниел Марковски (Вардар), Давид Даилоски (Нец Нијемиген, Холандија), Абиола Бамијоко (ППЈ, Финска), Хадис Таири (Велешта), Касим Јакупи (Вил, Швајцарија), Давор Серафимов (Вардар), Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓорѓиевски (Академија Пандев), Ѓорги Дошев (Вардар), Дестан Адили (Работнички), Зани Назифи (Шкендија), Лорик Мухтари (Хамбург, Германија), Кире Стојанов (Академија Пандев), Теодор Николовски (Работнички), Никола Стојков (Работнички), Никола Величковски (Вардар), Фикрет Ливарека (Скопје).
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
