Бизнис
23. May 2022 - 16:33

ССМ испрати барање за средба со Владата, бараат одговор дали се изиграни

Во ребалансот ги нема ветените пари за зголемување на платите за 2806 денари. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека имале договор со Владата за ова прашање. Синдикалците барале зголемување на сите плати во јавниот сектор и администрацијата почнувајќи од мај, но  на преговори, владините претставници им ветиле дека парите ќе бидат обезбедени со прекоријувањето на државната каса.

Димовски вели дека Владата без најава отстапила и од неработната недела со тоа што во туристичките центри се дозволува работа на определни дејности. ССМ за ова не биле информирани и затоа бараат итна среда со премиерот и вицепрмеиерот Битиќи. Освен за покачување на платите треба да  се разговара и за општиот колективен договор за јавниот сектор кој практично е пред потпишување.

Министерот за финансии во саботата ги образложи контурите на ребалансот на буџетот. Но, документот се уште не е јавно достапен, а од Влада денеска не добивме одговор дали се предвидени пари за зголемување на платите во јавниот сектор за 2806 денари.