Борис Џонсон до украинските деца: Не сте сами
Британскиот премиер Борис Џонсон напиша писмо до украинските деца, нагласувајќи дека тие се пример за другите и оти „Велика Британија никогаш нема да ги заборави“.
Тој напиша дека да не била таквата ситуација, тие сега би излегувала со пријателите после училиште, би играла фудбал и би уживала во безгрижниот живот.
– Но, ова е посебна година за вас, наведе Џонсон.
Во писмото го споменува неговото патување во април во Киев, каде што се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски кога тој пофали „одлучното лидерство и големото херојство“ на украинскиот претседател.
Тој им порача на децата на Украина дека треба „да бидат неизмерно горди на својата земја, нивните родители, нивните семејства и нивните војници, а најмногу на самите себе“.
– Многу од вас виделе или доживеале нешто на кое ниедно дете не смее да сведочи. Сепак, секојдневно не учите што значи да се биде силен и достоинствен, да се држи главата високо и во најтешките моменти. Не можам да се сетам на подобар пример за децата и возрасните, напиша британскиот премиер.
Според УНИЦЕФ, од Украина досега избегале два милиони деца, од кои повеќе од половина пристигнале во Полска.
– Не сте сами. Можеби сте одвоени од вашите пријатели дома, но имате милиони други ширум светот. Овде во Обединетото Кралство имаме украински знамиња на нашите домови, канцеларии, цркви, продавници и игралишта. Дури и на мојот кров во Даунинг стрит, каде што прозорците се полни со сончогледи нацртани од британски деца, напиша Џонсон.
– Нашите млади луѓе го цртаат вашето знаме во училниците и прават сини и жолти нараквици за поддршка на вашата земја. Верувам, како и вашиот претседател, дека Украина ќе победи во оваа војна. Се надевам дека еден ден наскоро ќе можете слободно да се вратите дома, во своите училишта, кај своите семејства“, додаде тој.
– И што и да се случи, без разлика колку време е потребно, ние во Обединетото Кралство никогаш нема да ве заборавиме и секогаш со гордост ќе ве нарекуваме наши пријатели, заклучи британскиот премиер во писмото.
Ново на Сител
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
