ЕП Полска 2016: Данке Дојчланд, Македонија на олимписки квалификации

Германија е првиот финалист откако по продолжетоци во првото полуфинале ја победи Норвешка со 34:33. Во регулраниот дел натпреварот заврши со 27:27. Откако Норвешка остана без финале и шанса да го освои шампионскиот пехар Македонија како деветтопласирана на СП во Катар ќе игра на олимписките квалификации во април. Ривали во квалификациите ќе ни бидат: Полска, Чиле и поразениот од финалето од африканскиот шампионат Египет или Тунис.
Во првото полуфинале Германија по продолжение ја победи Норвешка со 34:33 и се избори за своето прво полуфинале по 2004 година кога и беше европски шампион.
Полуфиналето беше изедначено во целост, а во првиот дел Германија беше подобра и по 30 минутио водеше со 14:13. Во вториот дел Норвешка водеше во најголемиот дел, а Германија преку Руне Дамке на 20 секунди до крајот успеа да изедначи на 27:27 и да се избори за продолжение. Во дополнителните минути Германија имаше постојано водство од еден гол, а решавачкиот погодок го постигна Каи Хефнер на пет секунди пред крајот на продолжетоците.
Тобиас Рајхман кај Германија со 10 голови беше најефикасен, додека во редовите на Норвешка најдобар поединец беше голманот Оле Еревик со 16 одбрани.
Норвешка покрај тоа што ќе игра во натпреварот за 3.место, ќе биде и дел од олимписките квалификации што ќе се играат во месец април.
Во натпреварите за пласман што денеска се играа во Вроцлав:
5.место: Франција - Данска 29:26
7.место: Полска - Шведска 26:24
Ново на Сител
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
-

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
