Обичајот мартинки од 1-ви март ќе има заедничка презентација низ Балканот

Проектот за културни обичаи на Балканот „Среќна Баба Марта 2016“ како меѓународен проект има за цел промоција на нематеријалното културно наследство, изјави за МИА, Василка Димитровска од ХАЕМУС, потенцирајќи дека во Источна Македонија посебно во Пијанечко овој обичај се уште живее.
- Проектот е составен од патувачка изложба со панели, изложба на оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, проекција на документарни филмови, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници. Официјалното отворање на изложбата ќе биде на 01.03.2016 во Скопје, потоа на 11.03.2016 во Видин (Бугарија), на 15.03. 2016 во Бузау (Романија), рече Димитровска.
Во одредени делови на Балканот (Македонија, Бугарија, Романија, Молдавија) постои обичај поврзан со првиот ден на месец март.
- Овие амајлии се познати под многу имиња на Балканот како: мартинки (Македонија), мартеница (Бугарија), мартишор во Романија и Моладавија, мартис во Грција... Оваа традиција, за која се верува дека има предхристијанско потекло, во себе носи различни верувања пред се поврзани со заштитата и магијата на црвената и бела боја кои претставуваат здравје и прочистување, но и со одбележувањето на доаѓањето на пролетта и првиот ден од аграрната нова година.
Димитар Узунски, фоклорист, со години го следи овој обичај. Тој вели дека во Делчевско овој обичај уште го чуваат постарите жени, кои на ден пред први март ги изработуваат мартинките од црвен и бел конец.
- Таа се остава да преноќи под некој трендафил кој има убав цвет. Белиот конец асоцира тие што ја носат да се бели, црвениот да се здрави и црвени, вели Узунски.
Проектот за културните обичаи на Балканот е организиран како дел од институционалната прекугранично партнерство „Националните идентитети во рамките на обединета Европа“.
Инаку, од 2013 година обичајот наречен „Среќна Баба Марта“ со мултинационалната апликација од страна на Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија е предложен да се постави на листата на светско нематеријално наследство на УНЕСКО.
Носител на македонскиот дел на апликацијата за мартинките е Институтот Марко Цепенков, а документацијата се темели помеѓудругото и на поддршката од ХАЕМУС, општина Скопје и општина Струмица.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
