-->
-->
Бронзена скулптура од 500 килограми украдена во Германија
-->
Бронзена скулптура висока повеќе од три метри и тешка 500 килограми исчезнала од магацин во западна Германија викендов. Истрагата е во тек.
Александар Пиниор е инженер кој неколку месеци работел на реставрацијата на скулптурата, инаку направена од германскиот уметник Хериберт Калин. Тој се прашува, како крадците успеале да извлечат толку огромно дело?
– За да се пренесе таква масивна скулптура би биле потребни 12 – 15 луѓе, рече Пиниор.
Се нуди и награда од 7.000 евра за враќање на уметничкото дело што ја красеше фонтаната во градот Келн. Доколку скулптурата била украдена за пари, стопениот метал би можел да се продаде на пазарот за цена од 3.000 до 4.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за „Пулс“
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
-

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени
