Бизнис
29. January 2016 - 19:52

Дополнителни субвенции им следуваат на младите земјоделци

Дел од земјоделците имаат право  на дополнителни субвенции.   Младите до 40 години можат да добијат плус десет отсто државна помош ако станале сопственици на земјоделско стопанство со превземање од постарите. 20 отсто повеќе  субвенции пак им следат на регистрираните индивидуални земјоделци. Од Платежната агенција потенцираат дека чести се случаите кога земјоделците при поднесувањето на барањата за субвенции, забораваат  да нагласат дека аплицираат и за поволностите од оваа мерка.

За оваа намена од Програмата за директни плаќања се издвоени 10 милиони денари. Развојот на земјоделското производство оваа година ќе се стимулира со близу 102 милиони евра субвенции.