Бизнис
16. May 2022 - 21:18

Дали новото тарифирање ќе ги зголеми сметките за струја

Тие што трошат повеќе, ќе плаќаат повеќе, но струјата за сите ќе биде поскапа. Професорот Константин Димитров ја коментира најавата на Регулаторна за воведување блок тарифи за да се овозможи големите потрошувачи да плаќаат поскапа струја. Ваквиот модел ги штити само најсиромашните.

Цената на струјата и натаму ќе расте, а земјава плаќа поскапо затоа што не произведува. Разликата ја плаќа државата со народни пари затоа што и натаму кај нас струјата е социјална категорија. Поголемо домашно производство е клучот за справување со растечките цени на берзите.

Новиот тарифен модел ќе се применува од јули заедно со новата цена на струјата. Правилата не се дефинирани, но се бара начин за домаќинствата кои трошат до 100 киловати да се воведе фиксен трошок. Просечно семејство во земјава троши околу 400 киловати месечно.