Свет
6. May 2022 - 10:25

Украина: Уште речиси 500 цивили евакуирани од Мариупол

 Уште речиси 500 цивили се евакуирани од Мариупол, откако започна операцијата предводена од Обединетите Нации (ОН), вклучувајќи и лица од опколената фабрика за челик Азовстал, јави Би-Би-Си.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак ја нарече евакуацијата „комплексна операција“ и нагласи дека Украина ќе продолжи да прави сè што може „за да ги спаси сите цивили и војската“.

Тој на Телеграм им се заблагодари на ОН.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук најави дека евакуациите од Мариупол денеска ќе се фокусираат на оние кои се заглавени во фабриката Азовстал.

Ново на Сител