Продолжуваат преговорите меѓу СОНК и МОН
Во рамки на десетдневниот рок за помирување кој почна минатиот четврток, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска треба да ги продолжи преговорите со Министерството за образование и наука за исполнување на нивните барања за повисоки плати и усогласување на колективните договори во образованието.
По завчерашните преговори во МОН со медијатор, претседателот на СОНК Јаким Неделков соопшти дека завршила рундата преговори и тие ќе продолжат денеска и дека очекуваат конкретни одговори на нивните предлози.
– Заврши денешната рунда на преговори со МОН, под покровителство на помирувач. Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни, објави завчера Неделков на Фејсбук.
Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако не се постигне договор односно една од страните не е задоволна, преговорите ќе продолжат за уште десет дена.
На 28 април СОНК соопшти дека штрајкот, кој почна на 11 април, ќе го стави во мирување и наставата ќе продолжи, откако добил известување од Министерството за труд и социјална политика за законска одредба за мирно решавање на спорот со медијација.
– Ќе мора да постапиме согласно закон и штрајкот да го ставиме во мирување. Тоа значи дека одлуката за влегување во генерален штрајк ја ставаме во мирување сè додека не се реши спорот. Убедени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со ставовите со ресорното Министерство за образование и наука, штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде, рече Неделков минатиот четврток.
Ново на Сител
-

ДКСК следната година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери
-

Потпишан Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра - ќе се набавуваат електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт
-

Новиот закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Тешко повреден 93-годишен пешак во Кавадарци по удар од „југо“
-

Третина од домаќинствата во земјава живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни, 71% се греат на цврсти горива, а 20% на струја
-

На цистерна со гас, со македонски регистарски таблички, избувнал пожар на патот Елбасан - Пеќин
-

Пренасочување на сообраќајот на делницата Прилеп- Битола по регионалниот пат Р1101
-

На новогодишната ноќ студено со ветер, ќе провејува снег
