Албанската полиција за четири месеци запленила над 425 илјади фалсификувани евра и 10 илјади долари
– Само во текот на оваа година албанската државна полиција запленила 425.500 фалсификувани евра во 22 случаи.
-Во споредба со неколку години наназад, се забележува растечки тренд на пуштање на пазарот фалсификувани банкноти, кои според полицијата не се произведуваат во земјава, туку доаѓаат од Бугарија, Македонија и Италија. Фалсификуваните банкноти се користат во трговијата и бензинските пумпи, но банкноти од 200 или 500 евра често се обидуваат да влезат во берзата користејќи измама, изјави за Топ чанел, Лутфи Минџози, директор на секторот за финансиски криминал во државната полиција.
Според него најчестата деноминација на пазарот е банкнотата од 200 евра.
-Нов тренд е рекламирањето на фалсификувани пари на социјалните мрежи, каде се рекламираат високо квалитетни банкноти за кои се тврди дека не се запленети од апарати.Покрај користењето на опремата со која се контролираат банкнотите, полицијата дава и совети како да се разликуваат луѓето кои се обидуваат да употребат фалсификувани пари, додава Минџози.
Во изминатиот период од годинава, посочува тој, полицијата запленила и околу 10 илјади фалсификувани долари од по 100 апоени, додека албанската валута лекот, досега се покажала како најбезбедна валута на пазарот, бидејќи полицијата не открила случаи на фалсификување.
Ново на Сител
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари
-
Приведен бегалец од затвор, осуден на казна затвор од осум години
-
Столе Попов добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот
-
Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип
-
Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани
-
Таравари: Работиме на децентрализација на Онкологија, да функционира како Институтот за трансфузиологија
-
„Левица“ поднесе кривична пријава против Африм Гаши за законот за бранители