ВМРО-ДПМНЕ: Со новиот долг од 900 милиони евра само ќе се закрпи буџетската дупка

Владата на СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат народните пари. Затоа економијата е во колапс и затоа долгот на Македонија вртоглаво расте.
Сега најавуваат ново задолжување од 900 милиони евра кое што нема да служи за развој туку за буџетска ликвидност. Тоа значи дека овој долг од скоро 1 милијарда евра е само за да се закрпи буџетската дупка. Ете на кое дереџе дојде Македонија. За 5 години потрошија над 20 милијарди евра, а ништо не направија. За 5 години долгот порасна од 4,7 милијарди евра на над 7 милијарди евра и уште ќе расте до речиси 8 милијарди евра до крајот на годината. Ова значи дека оваа власт ја задолжи државата колку сите власти претходно.
Резултат од задолжувањето на Македонија нема. Над 35% се во ризик од сиромаштија, а државата е во топ 5 најсиромашни земји во Европа. Последни сме во регионот по економски раст, последни сме по привлекување на странски инвестиции, а нема ниту домашни капитални инвестиции. Нема ништо од најавуваните нови клинички болници, автопати, училишта и слични ветувања. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Инфлацијата само во месец март достигна 8,8%, цената на струјата за кратко време се покачи за 30%, горивата за 80%, килограм брашно поскапо 83%, додека литар масло за јадење е поскапо за 107%, а литар млеко е 47% поскап.
Парите од буџетот и од задолжувањата власта на СДСМ и ДУИ ги троши за милионски криминални физибилити студии, тендери во 4 очи, набавки на мебел, цвеќе, службени возила и жардињери.
Ова тонење на Македонија мора да престане. Мора да се оди на избори што поскоро бидејќи оваа власт не ги решава проблемите на граѓаните, туку само создава нови.
Ново на Сител
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
-

Трамп: Поморската блокада во Ормуска Теснина останува до потпишување договор
-

Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго
-

Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“
-

Пад на интересот за студирање во Србија, најавено и зголемена школарина од идната студентска година
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
