Сто и седум жртви на грипот во Русија

Повеќе од 100 луѓе ги загубија животите во Русија оваа сезона од грип. Најголем дел од нив биле заразени со вирусот H1N1, односно свински грип, соопшти министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова.
– Досега се регистрирани 107 починати лица од грип, меѓу кои три бремени жени и осум деца, изјави таа. Според неа, никој од жртвите не бил вакциниран и оти доцна се обратиле на лекар.
Скворцова вели дека оваа и следната недела се најкритични и оти потоа епидемијата ќе почне да опаѓа. Меѓу заболените најмногу има со свински грип – околу 90 отсто.
Во Москва поради влошената епидемиолошка ситуација продолжена е работата на амбулантите.
Голем број луѓе низ главниот град се движат со маски на лицето, а официјални лица советуваат избегнување јавни места, јавен превоз.
Московското метро соопшти дека секојдневно на секои четири часа се дезинфицираат возовите.
Во повеќе региони од Русија затворени се училиштата. Во Москва и Санкт Петербург објавен е дополнителен распуст до 1 февруари за ученици од основните училишта. Во Русија се затворени повеќе од илјади училишта, наведуваат руски медиуми.
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
