Втор круг претседателски избори во Франција
Французите одлучуваат кој ќе ја предводи државата во следните 5 години. Во вториот круг за претседателската фотелја се тркаат актуелниот претседател Макрон и канндидатката на десницата Ле Пен.Според анкетите, се очекува повторно да победи Макрон и тоа со 57 отсто од гласовите во однос на Ле Пен.
Имајќи предвид дека двајцата кандидати имаат многу различни ветувања кога станува збор за иднината на државата како на внатрешен, така и надворешен план, Макрон оцени дека изборите претставуваат референдум за Европа.
Инкау ова е трет обид на Ле Пен за влез во Елисејската палата, а нејзин пораз ќе значи и смена на раководството на нејзината партија Национален собир.
Право на глас имаат околу 49 милиони избирачи, а се проценува дека излезноста ќе биде околу 72 отсто. Официјалните податоци од гласањето треба да бидат објавени утре.
Не престанува да се тресе тлото на Босна и Херцеговина. Нов земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер повторно предизвика страв кај жителите од јужниот дел на земјата, со оглед на тоа дека епицентарот бил на 17 километри истично од градот Столац на длабочина од 10 километри. Ноќта во петокот земјотрес со јачина од 5,6 степени по рихтер ја погоди Босна, исто така со епицентар во близина на Столац. Тогаш загина 28 годишна девојка, а земјотресот предизвика и материјална штета на куќи, училишта и здравствени установи. Само ноќта меѓу петокот и саботата во регионот беа регистрирани 30тина земјотреси.
10 лица загинаа, а 16 се повредени откако туристички брод потона вчера во јапонското море, во близина на островот Хокаидо. Станува збор за брод кој носел туристи на крстарење. Пред да се случи трагедијата, бродот испратил сигнал дека почнува да тоне по што била прекината комуникација со бродот. На бродот имало 24 патници, меѓу кои и деца. Засега нема информации кои се причините за несреќата.
-
Елена Милошевска Јакимовски
Сите содржини од овој новинар