-->
-->
Честитка од министерот Спасовски по повод Велигден
-->
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лично и во име на МВР им го честита празникот Воскресение Христово – Велигден на православните верници.
-Дозволете ми во мое име и во името на МВР со најсрдечни желби да ви го честитам
Празникот на празниците, Денот со кој ставаме крај на Страдалната седмица, најтешкиот период во годината и преминуваме кон светлината, Ден на торжеството и Ден на радоста – Ден на Воскресение, Пасха Господова, ден во кој „од смртта кон живот, и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе“.
Нека ова воскресенско утро биде огласена громогласно радосната вест за победата над смртта, со порака за надеж и живот, со неисцрпната љубов на Бога, длабоко во нас самите, во нашето срце да ја замениме агонијата на смртта со радоста на Воскресението. Христос ни ги отвори портите кон вечноста, бидејќи да се сведочи, значи да се верува во живот допрен од вечноста. Влегуваме во нов живот, обновени од Воскресната благодат, сведочејќи ја токму таа непобитна стварност и неменлива вистина со најсилните зборови кои го преобразија – Христос воскресна! Од сето свое срце ви посакувам ова Велигденско деноноќие да бидете во добро здравје, опкружени со ближните, секој еден да ја почувствува таа неискажлива Христова радост. Христос восресна!, пишува во честитката на Спасовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
