Претседателот на Летонија, Егилс Левиц во официјална посета на Северна Македонија
Претседателот на Република Летонија, Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска ќе има средба со неговиот домаќин и колега претседателот Стево Пендаровски.
Како што соопштуваат од Кабинетот на шефот на државата, претседателот Левиц ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите и пленарен состанок на делегациите на Летонија и Северна Македонија. По средбите, најавена е прес-конференција на двајцата претседатели.
Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.
Претседателот на Летонија, вчера имаше средба со шефот на дипломатијата Бујар Османи кој го пречека на скопскиот аеродром. Двајцата разговарале за актуелните политичко-безбедносни предизвици, како последица на руската инвазија на Украина од аспект на членството на двете држави во НАТО, а реафирмирана е и летонската подршка за нашите евроинтерграции.
-Како балтичка земја со изострена диоптрија за геополитичките ризици, Летонија останува наш доследен поддржувач на патот кон ЕУ, со став дека отпочнувањето пристапни преговори со ЕУ е од витално значење како за нашата држава, така и за Европа, напиша Османи на фб по средбата.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма
-

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право
-

Зеленски: Безбедносните гаранции се клучни за завршување на војната
-

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици
-

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
-

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
