Свет
20. April 2022 - 21:17

Засилена офанзива на руските сили во Донбас

За ниту еден војник не е прифатлив ултиматумот на Русија за положување на оружјето. Состојбата во Мариупол е крајно незивесна. Русите сили се надмоќни и напредуваат, вака, командантот на украинската 36та специјалана бригада Сергеј Волина ја опиша моненталната ситуација во градот. Бара помош од светските лидери да ги извлечат од фабрика за челик „Азовстап“, каде освен војници има и цивили. Меѓународната помош е неопходна, со оглед на тоа дека во фабриката има околу 500 ранети војници, стотици жени и деца.

Откако Русија ја нападна Украина пред два месеци, Мариупол е стратешка цел за Русите. Освојувањето на градот е клучно за Кремљ за да му покаже на својот народ дека Русија ги постигнува своите цели.

Битки се водат и на територијата на Доњецк и Луганск, каде украинските сили успеале да ги спречат руските напади. Критично е и во Харков, каде поради руските напади животите ги загубија најмалку 4 лица.

Во меѓувреме ОН информираа дека над 5 милиони Украинци ја напуштиле својата земја откако почна војната. 90 отсто се жени и деца. Во Полска има најмногу бегалци.

Русија пак обвинува дека вработени во Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ  шпиунирале во интерес на Киев.