Балкан
18. April 2022 - 10:07

Вучиќ: Ние сме единствени што не бараме од Македонците да сменат име или јазик

„Ние сме најголемите пријатели на Северна Македонија, ништо не бараме од нив, само да бидеме пријатели и браќа“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој ги коментираше податоците што ги изнесе новинарот на ТВ Пинк, дека граѓаните на Северна Македонија во анкета одговориле дека Србија ја сметаат за најдобар пријател.

„Да, го видов тоа, и за политичарите и за земјите. Србија, се разбира, им е најдобар пријател“, посочи српскиот претседател.

На прашањето дали е изненаден од одговорот на Македонците, претседателот Вучиќ одговори: „Како да бидам изненаден? Ние сме најголемите пријатели на Северна Македонија. Кој е поблизок до Србија? Ние сме единствените кои не бараме од нив да ги сменат своите име или јазик. „Ниту нашите барања, ниту ништо друго. Ние го сакаме македонскиот народ. Што бараме од него? Ништо. Освен да бидеме во најдобри можни односи. Не бараме ништо од нив. браќа“, рече Вучиќ.

Да потсетиме, претседателот посочи дека иницијативата Отворен Балкан опстојува благодарение на Тирана, Белград и Скопје и дека САД имаат коректен однос кон оваа иницијатива, што, како што истакна, не може да се каже за Европејците.

Исто така, Вучиќ рече дека планот е Србија да организира еден голем саем на вино на кој ќе бидат поканети сите горенаведени земји.