Почина Јован Трпеновски, поранешен обвинител
Почина Јован Трпеноски поранешен македонски јавен обвинител, адвокат и секретар за внатрешни работи.
Роден е на 23.11.1935 година во Охрид, каде го завршил основното и средното училиште.
Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во септември 1959 година.
По дипломирањето, засновал работен однос во Општинското јавно обвинителство Охрид, каде работел како Основен јавен обвинител сè до 1974 година.
Од 1974 година до 1984 работи како Окружен јавен обвинител во Скопје; во 1988 година именуван е за Јавен обвинител на Македонија, во текот на следните шест години бил јавен обвинител на Македонија, по што станал секретар за внатрешни работи во Извршниот совет предводен од Глигорие Гогоски, функција која ја извршувал во периодот 1989-1990 година. Во 2002 година, Трпеноски станал член на првиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата.
По осамостојувањето на Македонија, поради својата работа како секретар за внатрешни работи, Трпеноски бил лустриран од Комисијата за верификација на факти, врз основа на тоа што потпишал налог за прислушување на телефонски разговори, како и поради тоа што, во својство на окружен јавен обвинител, поднел обвинение против едно лице.
Во јануари 2017 година Вишиот управен суд ја поништи одлуката на Лустрациската комисија за поранешниот јавен обвинител Јован Трпеноски.
Ново на Сител
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
-

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната
-

Нова измама: Лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци испратени до граѓани
-

Шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие
-

Мицкоски: Не го познавам лично Савевски, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител
-

Љутков: Целосно се неточни и неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба, никој од вработените во културата не е обесправен
