Бизнис
14. April 2022 - 19:56

Владата најавува ограничување на можноста за купување масло за јадење

Маркетите сами треба да одлучат, колку шишиња зејтин, максимално  ќе  продаваат. Ова доаѓа по препораката од владата да се ограничат количините, затоа што имало граѓани кои купувале цели пакети, а со тоа се испразниле рафтовите. Министерот Бектеши  вели дека ако до вторник,  трговците не се придржуваат кон препораката, владата со одлука точно ќе утврди колку зејтин ќе може да се продава.

И граѓаните потврдија дека се потешко може да се најде масло  во продавница.

Пазарните инспектори продолжуваат со контрoлите. Се прават насекаде низ државата.  Бектеши со апел  и до граѓаните и до трговците ,  ако забележат дека некој продава или купува големи количини,  да ги известат надлежните.

Во изминатиот период продажбата на зејтин е зголемана за три пати. Купувачи освен од земјава имало и од странство затоа што тука  маслото е без ДДВ. Освен тоа, овој производ заедно со другите основни продукти до крајот на мај ќе се продава без маржа.