Од македонскиот пазар се повлекува целокупниот „Киндер“ асортиман произведен во фабриката во Арлон, Белгија
Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје соопшти дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро“ во земјава, на барање на производителот „Фереро“, го проширува повлекувањето од пазарот на целокупното производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче.
Компанијата подвлекува дека на повлекување од пазарот подлежат само оние производи кои се произведени во Арлон во Белгија.
Како што е соопштено, во контекст на тековното испитување за салмонела во соработка со органите за безбедност на храната, „Фереро“ привремено ја затвора својата фабрика во Арлон во Белгија. Со стапување во сила веднаш, се прекинува целото производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче, од Арлон.
-Како одговорен дистрибутер ги преземаме сите неопходни чекори за одржување целосна доверба од купувачите и делуваме за брзо повлекување на наведените производи од пазарот. Ги замолуваме потрошувачите доколку веќе поседуваат некој од горенаведените производи, да не го конзумираат. Може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на potrosacki-servis@ferrero.com, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
