Ракомет
27. January 2016 - 20:16

ЕП Полска 2016: Обрван:Не можам јас како селектор да се „расправам“ по медиуми

Македонската репрезентација без победа го заврши настапот на ЕП, а запрашан за изјавата на капитенот Кирил Лазаров селекторот Ивица Обрван истакна:

-         Капитенот е доволна голема личност во ракометот на Македонија и како личност и како спортист. Не можам јас како селектор да се расправам преку медиуми. Тој е еден од ретките играчи во Македонија што има право да анализира позитивно или негативно што сметам дека не е во ред. Јас на капитеновиот одговор нема да коментирам, јас секогаш ќе тргнам од себе и во анализата секогаш треба да се тргне од себе и дека не е така црно како што кажа тој.