Фатиме Фетаи да ја гледа Македонија за Палермо летна на 22 март, а во агенција плати на 28 март
Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март. Министерот за правда Никола Тупанчески, иако вети, вчера не покажа никаква уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка, објави порталот МКД.мк.
Прв со одговор се јави министерот Тупанчески кој за неколку медиуми изјави дека се работи за тривијално прашање и дека во Палермо бил на сопствен трошок. Со истиот одговор потоа се јавија и Фетаи и Нанев. Тројцата ветија дека ќе ги објават и уплатниците. Тоа вчера го направи само Фетаи, која е веќе во Порто за денешниот натпревар на македонската репрезентација со Португалија. На уплатницата за аранжманот за Палермо стои дека во ТА „Гуливер“ таа уплатила точно 23.910 денари, а за аранжманот за Порто – 17.085 денари. Ама датумот на двете уплатници е 28 март, неколку дена откако во јавноста се отвори прашањето за тоа на чиј трошок патувале актуелните функционери. За Палермо се леташе на 22 март, а за Порто на 26 март.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил