Првпат годинава електронски евидентни листови за тутунопроизводителите

Од понеделник ќе почне издавањето евидентни листови за тутунопроизводителите. Годинава првпат тие ќе бидат електронски. За таа цел, тутунопроизводителите претходно треба да пополнат две пријави.
- За првпат евидентните листови ќе се издаваат електронски, така што ќе биде потребно земјоделците да пополнат пријава во два примероци врз основа на која ќе се изготвуваат евидентните листови. Вработените во нашата подрачна единица ќе излезат на терен и ќе ги посетиме населените места во целиот регион кои се познати по производство на тутун. За да се одбегнат минатогодишните гужви во подрачните единици, ќе им објасниме на тутунарите како да ги пополнат пријавите, изјави Катица Панзевска, раководител во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица.
Од тутунските здруженија информираат дека досега во регионот се откупени 60 отсто од годинашната реколта тутун.
Според претседателот на Групацијата на тутунари Никола Стаменов откупот се одвива со планираната динамика. Единствено, како што вели, проблем е големата разлика во цената меѓу класите за што се прават потребните напори да се надмине ситуацијата.
- Веќе преземаме активности наредната година да имаме природно зголемување на цените и да нема толкава разлика меѓу прва-втора или втора-трета класа. Тоа создава најголемо незадоволство кај производителите, вели Стаменов.
На ниво на Македонија откупени се околу 12 илјади тони тутун, а се исплатени 81 отсто од преземените количини, покажуваат податоците од ресорното Министерство. Просечната откупна цена е 186 денари и досега нема регистрирано барање за второстепена комисија.
Ново на Сител
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
