-->
-->
Локализиран пожарот во Маџир Маало
-->
Покривна конструкција и еден кат на напуштена куќа во Маџир Маало беа опожарени денеска, потврдија за МИА од Град Скопје, посочувајќи дека во пожарот нема жртви.
Од таму додаваат дека огнот е локализиран и дека се работи на утврдување на причините за пожарот.
Претходно од скопската Територијална противпожарна единица за МИА потврдија дека пожарот избувнал во напуштена куќа на улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ број 65, во близина на новата Железничка станица. Во гаснење на пожарот учествувале три противпожарни возила и 10 пожарникари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
