-->
-->
Жителите на Сирково пак ќе протестираат барајќи приклучок кон брзиот пат Градско-Прилеп
-->

По пауза од околу три месеци, жителите на росоманското село Сирково, пак ќе протестираат, барајќи приклучок кон брзиот пат Градско-Прилеп. Претседателот на месната заедница, Веле Коцев денеска информираше дека поради немањето на позитивен одговор на нивното барање, тие најавуваат дека повторно ќе го активираат протестот од понеделник.
– Ќе протестираме како и пред тоа, на влезот во селото. Нема да дозволуваме движење на механизацијата која работи на изградбата на патот, кој го гледаме на околу двеста метри од нас, а нема да можеме да се приклучиме кон него, кога ќе биде готов. Ќе мора да вртиме со километри за да излеземе на новиот пат, појасни Коцев за МИА.
Тој нагласи дека и понатаму, од Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, бараат приклучок кон новиот пат Градско-Прилеп.
– Имавме една средба со надлежните и ни беше дадена мала надеж, но конкретен став од нив сеуште нема. Ќе протестираме се додека не добиеме позитивен одговор на нашето барање. Ако нема позитивен епилог, можна е и блокада на постоечкиот регионален пат Градско-Прилеп, дециден беше Коцев.
Тој повтори дека селото е второ по големина во Општината, по Росоман, и има над 500 жители, а доаѓаат и викендаши.
– Проблемот е од 2015-2016 година. Немањето приклучок го доведува во прашање развојот на селото и можно е иселување на младите, порача Коцев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
