Сведоштво на семејство од Мариупол: Русите пукаа во луѓе кои чекаа ред за храна и вода

Приказната на семејството Шветс од Русија го потресе целиот свет. Дмитро и Тања во првите 23 дена од војната биле сокриени во подрум во Мариупол заедно со нивната седумгодишна ќерка.
Тие потоа побегнале во североисточна Украина, а во интервју за „Си-Ен-Ен“ кажаа дека бомбардирањето го уништило целиот град, пренесува Макфакс.
– Таму веќе нема град. Градот Мариупол повеќе не постои. Нема ниту една станбена зграда која не е оштетена или урната. Само 10% од луѓето останале во градот. Само пензионерите кои немаат пари или автомобили за да не можат да избегаат и оние кои не можат да пешачат. Не сме се избањале три недели. Правевме мокрење во торба или кофа – вели Тања.
Дмитро тврди дека во градот била изгубена и струјата и сигналот за мобилните телефони, но кажа и дека биле убивани цивили од страна на Русите.
„Семејството ретко го напушташе подрумот – излегуваа само да најдат храна и вода. Тие еднаш излегоа да помогнат во закопувањето на соседите убиени од руската артилерија додека чекаа ред за храна. Проблемот е што во градот нема ништо. Нема сигнал за мобилен телефон, нема интернет. Се беше исклучено – гас, вода, струја. Готвевме на отворен оган. Собиравме дрва за огрев по парковите бидејќи немаше друга опција за опстанок. Ја делевме храната со соседите и роднините. Само нè убиваа. Да се соберевме да најдеме вода, ќе пукаа во нас“, вели Дмитро.
Ново на Сител
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
-

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262
-

Зеленски разговараше со Трамп за лиценци за „Патриот“ и поддршка за противвоздушната одбрана
-

Мерц во Даблин побара кратење на стотици милијарди евра од буџетот на ЕУ
-

Пожар во велешката месност Дорутовец, активирани два авиона „ер трактор“
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
