-->
-->
Се запали Мерцедес во движење на регионалниот пат Гостивар-Дебар
-->
Автомобил „Мерцедес“ со дебарски регистерски таблички вчера попладне се запалил во движење на регионалниот пат Гостивар-Дебар.

Од полицијата за Курир велат дека пожарот избувнал од засега непознати причини додека се движел во правец кон Маврово, пред Бунец. Мерцедесот бил управуван од 60 годишниот Б.Ц. од Дебар, кој не е повреден.
Противпожарната единица веднаш се упатила на местото на несреќата, но возилото целосно изгорело.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, по што автомобилот бил отстранет од коловозот. Увидот треба да покаже кои се причините за избувнување на пожарот во моторот на автомобилот, но според неофицијални информации се работи за неисправна инсталација.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
