Свет
17. March 2022 - 16:17

Најмалку 21 загинат по руско гранатирање на град во источна Украина

Најмалку 21 лице загина, а 25 се повредени денеска кога руски сили гранатираа град во источна Украина, соопштија локалните обвинители.

Со артилериски оган рано денеска беа погодени училиште и културен центар во градот Мерефа во близина на градот Харков, соопштија регионалните обвинители во објава на Фејсбук. Од ранетите 10 лица се во тешка состојба.