-->
-->
Владата донесе антикризни мерки за рационализација на трошоците во јавниот сектор
-->
Владата вечерва усвои антикризни мерки за рационализација на трошоците во јавниот сектор. Сите буџетски корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 проценти и најдоцна до 21 март да достават предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии.Од владината прес-служба информираат дека мерките за рационализација предвидуваат забрана за започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата.
Буџетските корисници и правни лица основани од државата ќе треба за 50 проценти да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службени возила, а ќе треба да го намалат и бројот на службени патувања и бројот на членови на делегации при патувања во странство.
Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се задолжени да ги намалат тековните расходи за 15 проценти и за тоа да ја известат Владата во рок од 15 дена. Согласно оваа мерка, јавните претпријатија основани од државата и АД во државна сопственост треба ги преработат своите финансиски планови и инвестициони програми и да ја информираат Владата во рок од 15 дена.
На регулаторните тела, единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и останатите установи кои се под надлежност на општините им се препорачува да ги следат донесените владини мерки и да преземат активности за рационализација на нивните расходи.
– Буџетските корисници и единките корисници со овие мерки се задолжени до крајот на 2022 година, а на општините, јавните претпријатија, регулаторните тела, АД во државна сопственост и останатите субјекти во јавен сектор им се препорачува да ги почитуваат донесените антикризни мерки и да се воздржат од помалку суштинските расходи, се наведува во соопштението од Владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
-

Судење „Штекли“: Презентирани форензички вештачења и ДНК анализи, обвинителството тврди дека групата била строго хиерархиска
-

15-годишник нападнат од женско лице во Кисела Вода
-

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите
-

Пријава за кавадарчанец, се заканувал преку коментар на страницата на МВР
