Свет
15. March 2022 - 9:05

Зеленски побара воената состојба во Украина да продолжи уште еден месец

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара воената состојба во земјата да се продолжи за уште 30 дена, почнувајќи од 24 март.

Барањето Зеленски синоќа го испрати до Врховната Рада (парламентот), а тоа денеска е објавено на веб-страницата на претседателот на Украина.

Британските медиуми пренесуваат дека војната во Украина почна на 24 февруари, кога рускиот претседател Владимир Путин почна „специјална воена операција”, што трае веќе 20 дена.