Науката работи на лек којшто ќе овозможи бременост и во 50-та година
Жените би можеле, во блиска иднина, да забременуваат и на 50-годишна возраст, тврдат научници од Израел кои успешно го забавиле стареењето на човечки јајце-клетки.
Вообичаено, додека просечната жена во раните свои 20-ти има 80 отсто можност да забремени по природен пат, тоа се преполовува до 40-тата година. Истражувачите од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим покажаа дека стареењето може да се промени со антивирусен лек којшто се користи за лекување на ХИВ. Имено, тие направиле јајце-клетките на 40-годишничка да изгледаат како оние на 20-годишничка.
Тоа, според наводите, делува така што го спречува оштетувањето на ДНК-та што се случува за време на процесот на стареење, со блокирање на генетските оштетувања, какви што има и при вирусни инфекции.
По овој успех, тимот сега планира да продолжи со тестирањето на наодот на животни и, потоа – на луѓе. Тоа, исто така, можеби може да ја намали опасноста од несакан абортус и вродени аномалии.
– Многу жени се обидуваат да забременат на возраст од 40 и повеќе години и мислиме дека овој третман всушност може да ги зголеми нивните нивоа на плодност. Во рок од 10 години, се надеваме дека ќе користиме антивирусни лекови за зголемување на плодноста кај повозрасните жени, изјави д-р Михаел Клуштејн – молекуларен биолог, кој ги водел испитувањата.
Ново на Сител
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори