РКЕ: Вршиме пресметки и од нив ќе зависи дали денес ќе има нови цени на горивата
Во тек се пресметки чии резултати ќе покажат дали се исполнети предусловите Регулаторната комисија за енергетика и водини услуги (РКЕ) да носи нова одлука за цената на горивата или не. Како што информираат од РКЕ, се анализираат клучни елементи кои влегуваат во крајната цена а тоа се берзанските котации на нафтените деривати и курсот на доларот во однос на денарот.
Со измените во Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, се овозможува РКЕ да носи одлуки за прмена на цените на нафтените деривати на дневна основа доколку берзанските цени имаат значителни промени.
-Со измените во правилникот се предвидува дека доколку берзанските цени и/или курсот на доларот во однос на денарот предизвикаат зголемување или намалување во малопродажната цена поголемо или еднакво на 2,00 денари за литар за моторни бензини, дизел гориво и масло за горење, односно 0,300 денари за килограм за мазут, во однос на утврдените цени во последната одлука, тогаш РКЕ ќе донесе нова одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, порачуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот