Светот во паника поради пожарот во нуклеарната централа „Запорожје“
Русија ја зазеде нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа. Во акцијата за освојување на нуклерната централа силите на Путин во текот на ноќта се соочија со жестоки борби со украинската армија при што избил пожар во петкатен објкет за спроведување обука, лоциран надвор од кругот на нуклеарката. Огнот не се проширил а по неколку часа бил локализиран. Двете страни си разменија обвинувања за нападот. Русите намерно ја грантираа електраната и сакаа да создадат нов Чернобил. Зад Украина е ноќ што можеше да го запре текот на историјата оцени претседателот Зеленски.
- Апелирам до сите украинци, до сите европјани, до сите луѓе кои го знаат зборот Чернобил. До сите кои знаат колку многу мизерија и жртви донесе експлозијата на нуклеарната централа. Тоа беше глобална катастрофа. Стотици и илјадници луѓе се соочуваа со последиците, неколку илјади беа евакуирани. Русија сака да го повтори тоа и веќе го повторува. Но, е шест пати поголемо сега, вели Володимир Зеленски – Претседател на Украина.
Москва возврати – Киевскиот режим се обиде да спроведе монструозна провокација во нуклеаната централа, подметнувајќи пожар.
- На 4 март околу 2 часот по полноќ, додека патролираше во заштитеното подрачје во непосредна близина на нуклеарната централа, мобилна патрола на руската гарда се најде на удар на украинска диверзантска група. За да предизивка возвратен оган кон зградата, од прозорците на неколку катови на комплексот за обука кој се наоѓа надовр од електраната, отворен е силен оган од малокалибарско оружје кон руските војници. На оружениот напад руските војници возвратиле со малокалибарско оружје. Напуштајќи го објектот, украинската диверзтанска група го запалила, изјави генерал мајор Игор Конашенков.
Нуклеарката има шест реактори и снабдува 20% од потребите за струја на Украина. Нема испуштање радиоактивен материјал и нема оштетувања на реакторите - оценка на меѓународната агенција за атомска енергија.
- Важно е да се напомене дека сите сигурносни системи на шестте реактори на централата не се погодени. Не постои никаково испуштање на радиоактивни матреали. Нема испуштање на радиоктавни матреали. Важно во однос на ова е системот за наблудување, тоа се системите со кои мериме ниво на радијација, тие се целосно оперативни исто така, изјави Рафаел Маријано Гроси МААЕ.
Експертите по нуклеарна физика алармираат дека евентуална хаварија во нуклеарната централа Запорожје би предизвикала многу поголеми последици од катастрофите во Чернобил и Фукушима.
Војната во Украина влезе во 9-от ден. Интензивни борби се водат околу Киев, Харков и Черников а ништо подобра не е ситуацијата и околу Мариупол, а градоначалникот побара помош од НАТО. Вели дека во градот нема струја и вода и предупредува дека се на раб на хуманитарна катастрофа. Голема руската флота се приближува кон Одеса.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар