-->
-->
„Шпигел“: Германија планира да испрати војници во источното крило на НАТО
-->
– Германија планира на НАТО да му понуди трупи, системи за противвоздушна одбрана и воени бродови за зајакнување на источното крило на Алијансата, откако Русија вчера ја нападна Украина, објави денеска германскиот неделник „Шпигел“, не наведувајќи извори.
Германија би можела навремено да испрати пешадиска чета со околу 150 војници и десетици оклопни транспортери „Бокер“, како дел од пакетот што армијата планира да и го предложи на министерката за одбрана Кристин Ламбрехт, пишува „Шпигел“.
Германија, исто така, планира да понуди противвоздушни ракетни системи „Патриот“, корвета и фрегата, кои треба да бидат повлечени од други мисии во Медитеранот, додека еден извидувачки брод со сензорска технологија веќе е на пат кон Балтичкото Море.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
-

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините
