-->
-->
ЕП Полска 2016: К.Лазаров: Треба да се биде паметен и фокусиран
-->
Македонската репрезентација вчера тренираше во малата сала наменета, а пред нашиот тим беа „триколорите“ имаше куса средба меѓу Кирил Лазаров и Французите Никола Карабатиќ и Сораиндо.
За дуелот со Норвешка нашиот капитен истакна:
-Ни остануваат уште два натпревара, обврска наша е на тие два меча да извојуваме две победи. Во секој случај одморот добро ни дојде, еве почнувам од мене, лично. Да играш ден за ден воопшто не е едноставно, особено во репрезентација, каде што нема секогаш можност да ротирате, затоа што сакате да победеите по секоја цена. Друго се репрезентациите како Данска или Франција кои во текот на групната фаза можат да ротираат и да ја штедат енергијата.
Ние играме малку побавен ракомет, со којшто правиме доста измени во одбрана-напад. Тоа не чинеше многу против една тркачка репрезентација како што е Хрватска. Треба да се биде паметен, сконцентриран, фокусиран, добро да ги анализираме норвежаните и да им одговориме со соодветна тактика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
-

Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата
-

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
-

Уапсена директорката на „Комуналец“ Гостивар, приведени и двајца директори
-

Клековски: Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за случувањата во Гостивар
-

Собранието ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски
